Австралискиот суд за денеска закажа рочиште за случајот со Ѓоковиќ откако адвокатите на српскиот тенисер поднесоа жалба на одлуката да не му биде дозволен влез во земјата.
Новак Ѓоковиќ ќе остане во Австралија до понеделник и ќе го чека исходот на жалбата што неговиот адвокатски тим ја поднесе по одлуката на Владата да не му дозволи влез во земјата.
Австралиските власти му ја одбија визата на Новак Ѓоковиќ под образложение дека не ги исполнува условите за влез во нивната земја, односно дека тој не обезбедил убедливи докази со кои ќе го поткрепи медицинското ослободување за невакцинација.
Во текот на ноќта Ѓоковиќ беше пренесен од аеродромот во Мелбурн во карантин хотел.
Адвокатите тврдат дека други тенисери кои не биле вакцинирани и имале документи исти како и Ѓоковиќ, влегле во Австралија.
Австралија е една од земјите со најстроги правила во текот на пандемијата на ковид-19, па властите во оваа земја не сакаат да прават исклучок за било кој поради ризик да не го навлечат гневот на своите жители.МКД.мк






