Не може да се градат фотоволтаици на парцели под хидросистеми финансирани од Светска Банка предупредува до владата меѓународниот експерт и аналитичар Даме Чкатроски.
Предходно во јавноста се појавија полуинформации дека се подготвуваат големи фотоволтаични проекти од кои дел би можеле да бидат токму на вакви локации.
,,На земјоделски парцели каде има хидросистем финансиран од Светска Банка не може земјиштето да биди пренаменето и да се градат фотоволтаици.
Во договорите кои ги склучила Социјалистичка Република Македонија со Светска Банка, хидросистемот за наводнување добива приоритет до крајот на неговата функција.
Така да Република Македонија ризикува да биде дадена на Меѓународен Суд по овие договори, а да биде платена голема отштета. Со тоа на крајот градоначалници и функционери на Централната власт би можеле кривично да бидат гонети доколку потпишат изградба на фотоволтаици на земјиште кое е опфатено со хидросистем каде е финансиер Светска Банка.
Ова поврзано со настапот на тогашната дипломатија во ОН и ФАО и се работи за многу комплицирана дипломатија, фондови и кредити каде Светската Банка може и да ги замрзне своите проекти во Република Македонија.
Со ова Министерството за Земјоделие и владата би направиле работа без преседан како уште две земји – Сиера Леоне и Буркина Фасо.
Случајот со Кенија поминал само со налог за дислокација”, пишува Чкатроски во своето предупредување до македонските власти.






