Повторно откажан карневалот во Рио

Карневалот во Рио де Жанеиро втора година по ред е откажан поради пандемијата на коронавирусот.



Градоначалникот Едуардо Паес оваа одлука ја објавил на социјалните мрежи на 4-ти јануари по состанокот со претставниците на карневалските групи.

Рекол дека практично не е изводливо да се одржи уличен карневал со ограничувања и други мерки против ковид кои се на сила.

Во меѓувреме би требало да се реализираат планови за парадите во Самбадром во февруари и март. Паес рекол дека е полесно да се спроведат ковид-мерки на тие настани.

Повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил досега биле заразени со коронавирус, велат службените податоци.

Околу 618.000 луѓе починале од последица на коронавирус во Бразил. Само САД забележале поголем број на смртни случаи.

Како што бразилската кампања за вакцинација напредувала, така и бројот на нови смртни случаи нагло опаднал.

Речиси 70 проценти од бразилската популација сега е целосно вакцинирана. Откако на почетокот на декември во земјата биле откриени првите инфекции со новиот сој омикрон, бројот на позитивни тестови повторно пораснал.