Онаму каде што се нуди можност за коцкање, алкохол и забава 24 часа на ден, се издаваат и сертификати за негативен брз тест, објави грчката ТВ „Опен“.
Случаите биле откриени кога во еден ден од 45 патници на кого им бил направен брз тест на границата, 9 испаднале позитивни.
Во емитуваниот прилог на телевизијата се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат бебзбедно да се вратат во Грција.
Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли.
„Во суштина тоа е фабрика. Менаџерите на казината во соседната земја наоѓаат начин да не ги едуцираат своите клиенти бидејќи зголемените санитарни услови ги обесхрабруваат многумина да одат да си ја пробаат среќата. За да не изгубат клиенти, тие… го измислија овој начин за да заштедат пари и напор“, објави телевизијата.







