Косовската влада го забрани „копањето“ криптовалути поради енергетската криза, соопшти косовската министерка за економија Артане Ризваноли.
Ваквата одлука уследи по препорака на Техничкиот комитет за вонредни мерки, кој се занимава со прашањето за снабдување со електрична енергија на Косово.
Во последните години, многу млади луѓе во Косово станаа „копачи“ на криптовалути.
Институциите дополнително ќе се ангажираат за запирање на производството на криптовалути на локации за кои постои сомневање дека придонесуваат за големата потрошувачка на струја.
Косовските власти на крајот на декември воведоа рестрикции на струја поради тешката енергетскакриза во земјата, а за Нова година, Албанија му позајми струја на Косово…







