Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска полни 63 години, а за својот роденден од сопартијците доби торта што асоцира на паневропскиот коридор 8, кој треба сообраќајно да ги поврзе Албанија, Македонија и Бугарија и се протега од Драч до Варна.
„Единствената, вистинската, последната ренесанса на албанската нација, Али Ахмети“, прокоментира првиот вицепремиер Артан Груби над споделената фотографија на Фејсбук од претседателот на својата партија.






