Бизнисменот обвинет во случајот „Плацови на Водно“, Орце Камчев, излегува од затворот „Скопје“ во Шутка, објави „А1он“.
Кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот на Камчев.
Претходно, за 11 милиони евра гаранција, непосредно пред Нова година од притвор беше пуштен и поранешниниот директотор на УБК,Сашо Мијалков.
Според Апелација, сега ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотека, по што Камчев ќе се брани од слобода во случајот „Плацеви на Водно“.
Камчев е на лекување во „Систина“ од пред Новата година.
Гаранцијата е за шест пати повисока од онаа која Камчев ја понуди во септември минатата година, кога судот ги одби 1,8 милиони евра.






