„Владите на Косово и Албанија работат на олеснување на меѓусебното слободно движење на граѓаните и стоката, но за непрекинато движење е потребно време, велат претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово.“ – се наведува во статијата на Радио Слободна Европа, која ја пренесува весникот на албански јазик „Лајм“ со наслов „Отстранувањето на границата меѓу Косово и Албанија – во процес“.
Лајм“ пренесува: „Се работи на тоа да има посебни привремени гранични премини во повеќе од десет села крај граничниот појас. Се работи на можноста во случаи на празници, на природни несреќи или слични околности да се преминува границата каде било надвор од граничните премини.’ – соопшти Министерството за внатрешни работи на Косово.“
„По последниот состанок на владите на Албанија и Косово одржан во ноември лани министрите за внатрешни работи на Албанија Бленди Чучи и на Косово Џелал Свечла се договорија на границата да се постават камери за следење на возилата, кои влегуваат и излегуваат од државите и да не се бараат пасоши, или лични карти од граѓаните, што ја минуваат границата.“
„Низ годините лидерите од Косово и од Албанија даваа изјави од типот ‘ќе ја отстраниме границата меѓу двете земји’, но тоа сè уште не се случило. Во септември 2018 година Рамуш Харадинај, тогашниот премиер на Косово, кажа дека косовско-албанската граница ќе биде отстранета. Таква изјава даде во 2019 и Хашим Тачи, во тоа време претседател на Косово. Ваква изјава не изостана и од Албин Курти, актуелниот премиер на Косово. Но, во врска со овие изјави реагираше Владата на Србија, сметајќи ги како закана за мирот.“
„Премиерот на Албанија Еди Рама истакна дека границата Косово-Албанија може целосно да се отстрани само со договор со другите, што подразбира договор со земјите на Западниот Балкан. За ова Рама рече дека во 2019 година ја покренал иницијативата ‘Балкански мини – Шенген’, која сега го има добиено називот ‘Отворен Балкан’ и во која учествуваат Албанија, Србија и Македонија.“
Инаку, што се однесува до Македонија, во интервјуто што го даде Артан Груби за ‘Косова Прес’ пред три дена е објавено: „Првиот заменик – претседател на Владата на Македонија Артан Груби вели дека се заинтересирани, за да се отстрани во целост границата со Косово, но во почетокот работат на тоа да има единствена гранична контрола.“
Демократската унија за интеграција долго време работи на ова прашање. Во овој контекст е и изјавата на нејзиниот лидер Али Ахмети на предизборен партиски митинг одржан на 19.април 2014 година во Куманово, кога тој порача дека „нема ништо лошо во тоа меѓу Македонија, Косово и Албанија да нема граници“: „Работиме за поголема слобода, на зближување и соединување меѓу народите, за стандардите кои ги воспоставува Европа за отстранување на границите. Ништо лошо нема да им се случи на граѓаните во Македонија, Косово и Албанија, ако се отстранат границите.“
Заложба за отстранување на границите искажа и албанската партија Движење Беса. На 26.ноември 2021 година таа го „поздрави потпишувањето на договорот меѓу Албанија и Косово за отстранување на границата меѓу двете земји“, порачувајќи: „Овој пример треба да го следи и да го применува и Македонија. Ваков договор со соседните земји ќе влијае позитивно врз интегрирањето во ЕУ.
Home Македонија „Отстранувањето на границата Косово-Албанија во процес“ – се бара Македонија „да го...





