Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Николовски, побара да реагира и македонското МНР по двата Фејсбук статуси на лидерот на бугарската „Има таков народ“ , извесниот шоумен Слави Ттрифонов, кој разрешницаа на бугарската блоката би ја трампал за безвизен режим со САД и влез на Бугарија во Шенген-зоната, 15 години откако Бугарија е членка на ЕУ.
„Тој не е само претседател на значајна политичка партија во Бугарија, дел од владејачкото мнозинство, но исто така е и претседател на партијата којашто го дава министерот за надворешни работи, што дава дополнителна тежина на целата негова изјава. Најпрво да си поигрува и да го понижува македонскиот народ, да се поигрува со името тука на народот и државата, а после тоа дава пазарџиски условувања“, рече Николовски.
Бугарските медиумиденска пренесоа дека партиите од владината коалиција во која спаѓа и паријата „Има таков народ “ на Слави Трифонов, се оградија стѕавоите на Шоуменот.
Меу другото, му порачаа дека политика, особено дипломатијан не се води на Фејсбук.






