Ниту еден македонски политичар од владата кој има право на протест во име на државата не реагира на навредите кои деновиве ги упатуваат делови од бугарската влада кон Македонците.
Екс пратеникот Илија Димовски прашува зошто молчат Заев, Османи и Пендаровски како најодговорно за реакција.
„Северномакедонците треба да ги признаат своите историски бугарски корени. Тоа е услов за кој не може да се преговара“ пишува Слави Трифонов на ФБ.
Некоја реакција?
МНР?
Влада?
Претседател?”, прашува Димовски.
Дали молкот на македонските власти е премолчено согласување со позициите на Трифонов или се работи за нешто друго засега не е јасно.






