Граѓаните на Куманово се оставени сами на себе да се снаоѓаат за превоз, реагираат од поранешната партија на градоначалникот на Куманово кој а локалните избори настапи како самостоен кандидат.
Од СДСМ велат дека а надлежните инспекциски служби се повикани да го истражат работењето на Димитриевски.
„Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во предизборната
паника да го одржи пактот со ВМРО-ДПМНЕ за да го одржат на власт,
заборава да распише тендер за јавен градски превоз“, реагираат од СДСМ од каде велат дека постапката за избор на превозници ќе трае подолго време, бидејќи ќе има жалби.
„Димитриевски ја започнал постапката со јавен оглас на 14.12.2021, а
доколку истата беше отпочната пред локалните избори немаше граѓаните да
се соочат со овој хаос во јавниот градски превоз“, велат од СДСМ.
Максим Димитриевски , кој претходно 4 години беше градоначалник на Куманово како кандидат на СДСМ, беше исклучен од владејачката партија, откако тој најави дека на локалните ќе оди како независен кандидат.







