Надежда Нејнски, поранешна шефица на бугарската дипломатија препорачува надградба на Договорот за добрососедство со Македонија.
„Барањето нов договор или повторното преговарање ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе им овозможи на одредени кругови да бараат политички дивиденди во двата правци“, изјави екс-министерката во гостување на БТВ.
Според неа, „секакви егзотични идеи во моментов и даваат колорит на бугарската позиција и ја ослабуваат, а нашата земја мора да зрачи единство во својата позиција кон Северна Македонија“.
Ек-министерката вели дека случајот со Скопје ќе биде многу сериозен тест дали мнозинството ќе биде реформаторско.
Нејнски е убедена дека има кругови кои сакаат да ја разнишаат довербата на бугарското општество во неговите партнери од ЕУ и НАТО, но смета дека новата бугарска влада ќе се справи со овие предизвици.
Таа ја оценува како позитивна идејата на премиерот Кирил Петков да ја надгради позицијата на Бугарија со пет работни групи.
„Нема ништо лошо да се покаже добра волја и желба да се бара решение за проблемите во случајот меѓу Бугарија и Северна Македонија“, за да се најде решение кое ги задоволува двете страни.







