Во пост со наслов ГРАНДОМАНИЈА професорот Љубомир Цуцуловски иронично заклучува дека бугарската државна грандоманија кон Македонија ескалира.
,,Сега, преку Слави Трифонов (полно име Станислав Тодоров Трифонов, по професија телевизиски забавувач, во слободно време политичар) бара од САД да го укине визниот режим со Бугарија, како неопходен услов да се откаже од ветоto кон влезот на Македонија во ЕУ. Наскоро, по сѐ изгледа, САД ќе бидат приморани да потпишат и специјален Договор за добрососедски односи со Бугарија, во кој ќе биде утврден и статусот на англискиот јазик, како дел од сеопфатните бугарски дијалекти”, пишува професорот Цуцуловски.
Во пост скриптумот Цуцуловски вели дека: ,,Кога Бог некому нешто одзема (макар било и разум), тогаш одзема целосно”.





