Чако: САД ќе ја одделат албанска Илирида од Бугаромакедонците, кои може да се обединат со Бугарија

„Аналитичарот од Албанија Алфред Чако, кој е познат како издавач на книги со конспиративни теории, предвидува два сценарија за Балканот во 2022 година.“ – пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА. Овие свои тврдења Чако ги изнел во емисијата „Окулт“ на косовската телевизија ДТВ.

ИНА пишува: „Првиот сценарио предвидува интегрирање на регионот преку ‘Отворениот Балкан’, а второто сценарио ќе уследи, ако Вучиќ биде принуден од Путин да се стреми кон дестабилизирање на Балканот.“

Инаку, во емисијата на ДТВ Алфред Чако појаснил на какви два сценарија мисли во своите „предвидувања“: „На Балканот ќе има потреси оваа година. Бутин ќе настојува да го дестабилизира Балканот. И Вучиќ ќе се обиде да го дестабилизира Балканот. Тогаш ќе се случи ‘домино – ефект’. Соединетите Американски држави ќе интервенираат во Црна Гора, за да ја поделат. САД ќе интервенираат и во Македонија, за да го одделат албанскиот дел Илирида од Славомакедонците, односно од Бугаромакедонците, кои можат да се обединат со Бугарија. Потоа Илирида ќе се обедини со Косово. Овие сценарија веќе циркулираат низ Косово. Ќе се подели и Санџак и северот на Косово и ќе се размени за Прешевската долина.“