Во Франција откриенa нова варијанта на коронавирусот!?

Откритието на нов сој на коронавирусот дојде откако 12 пациенти во ист регион во Франција биле позитивни, а нивните тестови покажале „нетипична комбинација“.



Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја.

Експертите рекоа дека идентификувале „46 мутации“ во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2, пишува Британскиот Express.co.uk

Тие се загрижени за бројот на мутации.

Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира поради бројот на мутации што ги има во однос на оригиналниот вирус.