Литар бензин дојде до 77 денари – цените на сите горива одат нагоре

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто.



Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денари по килограм и сега ќе изнесува 40,210 денари за килограм.

Од 4.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,210 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 отсто, кај дизелот за 3,934 отсто, кај екстра лесното масло за 4,093 отсто и кај мазутот за 3,052 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 проценти.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.