Во изминатите 24 часа во Загреб се потврдени 411 нови случаи на зараза со коронавирус, а 21 лице починало од Ковид, извести во понеделник Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“.
Во изминативе 24 часа биле направени 973 ПЦР тестови, а позитивни се 341 резултат, што е околу 35 отсто позитивно, односно секој трет граѓанин на Загреб е позитивен.







