Косовскиот премиер Албин Курти со клучниот аргумент, според него, за постигнување меѓусебен договор со Србија.



„Србија сака да го продолжи европскиот пат, но тоа нема да може без признавање на Косово. Од друга страна, Косово сака европска и евроатлантска интеграција и за тоа ни е потребна целосна нормализација со Србија“, изјави тој за ТВ Клан.

„Ние сме подготвени. Договорите што не подразбираат заемно признавање како центар на содржината, се разбира, за нас се неприфатливи, но и никому не се од корист“, објасни Курти.

Претседателот на косовската влада најави дека в година Приштина ќе поднесе барање за статусот кандидат за ЕУ.