Алијанса на Албанците: Да се укине ДДВ-то на струјата

Алијанса на Албанците предлага речение како да се намали ударот од поскапувањето на струјата по џебот на граѓаните.



Од партијаа на Зијадин Села предлагаат укинување на ДДВ-то од пет проценти на струјата,пренесе Сител.

Воедно предлагаат на товар на државата да падне и трошок за јавно осветлување.

Така, велат од партијата, сметките за струја ќе останеле на исто ниво како и пред растот на цената на струјата.