Не добивте К-15, пријавете, повикува „Гласен текстилец“

„Ве повикуваме до 15 јануари 2022 година, да пријавите доколку не ви е исплатен регрес од годишен одмор или ви е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можеме да реагираме и пријавиме до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран“, се вели во денешното соопштение на невладината „Гласен Текстилец”.



Тие ги информираат работниците дека доколку во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ, а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараат да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.

„Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници“, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец”.

Ги повикуваат ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ.