Во изминатите 24 часа направени се 4.072 тестирањарења при што се регистрирание 246 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Од нив во Скопје се регистрирани 145 нови случаи на ковид, што е повеќе од половината од новоинфецираните, во останатите градови има значително помалку новозаразени, па така во Струмица има 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица на возраст од 53, 63 и 86 годинина. Двајца од починатите се од Скопје и еден од Струмица, а сите починале во болнички услови.
Пријавени се уште 3 починати согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин? Тие биле од Скопје, Тетово и Кичево на возраст од 68 до 86 години.
Оздравеле 547 пациенти.





