Блокада од автомобили на Водно

Убавото време и температурите над 15-тиот степен некарактеристични за овој период од годината ги мотивираа скопјани да ги напуштат воите домови и да го посетат Водно.



Сепак зголемената фрекфенција на луѓе си го направи своето и го блокираше Водно – известува Инфомакс.

Не помогна ниту неадекватниот одговор на полицијата која наместо да воспостави ред остави работите да се одвиваат по својот тек.

До овој момент се уште нема полициски службеници кои би го регулирале сообраќајот, а дел од граѓаните околу еден час се заглавени во километарските колони.

Дали полицијата ќе ја реагира, или хаосот ќе продолжи и во доцните вечерни часови останува да видиме.