Опозициската партија брифира за теренска анкета во која ВМРО ДПМНЕ има најголемо водство од речиси 9% пред СДСМ.
Според анкетата огромно мнозинство од граѓаните смета дека државата оди во погрешна насока.
Меѓу најголемите проблеми се економијата, малите плати и високите цени.
За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спровела теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1023 испитаници на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.
На прашањето за која политичка партија би гласале доколку утре би имало избори опозицијата има предност од 8,5 проценти пред СДСМ што е најголема разлика меѓу двете партии во последниве десетина години.
Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 21%
СДСМ 12.5%
ДУИ 7.2%
ЛЕВИЦА 4.3%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.3%
БЕСА 0.7%
ВМРО НАРОДНА 0.5%
ИНТЕГРА 0.4%
ЛДП 0.4%
ТВОЈА ПАРТИЈА 0.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.3%
НДП-RDK 0.2%
ГДУ 0.1%
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ 0.1%
ДОМ 0.1%
ДРУГО 0.3%
НЕОДЛУЧИЛЕ 19.2%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 18.1%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 11.1%
Над 29% од граѓаните одбиваат да одговорат или најавуваат дека нема да гласаат на избори.






