Ракометарите на Вардар денеска имаат нов меч во Лигата на шампионите. Втор гостински, четврти вкупно, а зад црвено црните се три триумфи што и му прилега на Европскиот првак пред кого од 17.30 стои добро познат предизвик. Пик Сегед ќе ги сочека скопјани со респект зошто Вардар во двете претходни сезони, во оваа иста фаза победуваше во сите 4 соочувања, значи и дома, но и во Унгарија иако ќе се сетиме дека гостинските триумфи беа тесни, со по два разлика. Во ова натпреварување денеска има уште два други дуела и тоа од првата, во една од двете наши групи: Кристијанштад-Рајн Некар и Барселона-Нант.
Вториот наш преставник во машкиот дел од Лигата на шампионите Металург утре (15.00) има меч надвор, во Харков со Мотор.