Кој го лаже(ше) Гаши, случајот ,,Диво насеље” е запечатен

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши бил манипулиран и лажен кога во договорите за влез во владата му било ветено дека ќе има меѓународна анализа за повеќе правни случаи меѓу кои и за Кумановските настани.



“Диво Насеље” е запечатен, односно нема да има ново судење бидејќи Врховниот суд одлучил да ја потврди второстепената пресуда.
Жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани”, пишува во пресудата на Врховниот суд до која дојде “Фокус”.

Според правосилната пресуда, повеќето обвинети беа осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, 20 години петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи обвинителството не доставило доволно докази.

Во терористичкиот напад во Куманово во 2015 година беа убиени осум припадници на МВР, а четириесетина беа повредени.

Извор Фокус