Таче заборави на најважниот детал во новогодишното обраќање и ги налути и членовите и граѓаните

Членови на СДСМ се налутија откако во новогодишното обраќање лидерот на партијата и мандатар Димитар Ковачевски се сликаше со знамињата на партијата, на НАТО и на ЕУ а во кадарот не е и македонското државно знаме.



,,Среќна Нова Година и вам, но ме разочаравте на кои граѓани се обраќате на која држава кога во вашата позадина не го гледам Македонското државно знаме ,НАТО Партиско и Европско, член сум на СДСМ но вакво нешто ме љути…”, пишува разочарана членка на СДСМ.

Зошто Ковачевски го избегнал македонското државно знаме засега нема официјално објаснување.

Целото видео без државното знаме

https://fb.watch/aeWs3uondX/