Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Австралија први влегоа во новата година

Малите пацифички острови Самоа и Кирибати први влегоа во новата година, а по нив славеа и жителите на Нов Зеланд. Традиционалниот огномет во Окленд беше заменет со светлосно шоу.



Новата година стигна и во Австралија. Сиднеј понуди спектакуларен огномет но за разлика од лани овојпат имаше публика на пристаништето.

На новогодшната ноќ годинава празен нема да остане ниту славниот Тајмс Сквер во Њујорк. Но журката е резервирана само за вакцинирани.

Повеќето светски и европски метрополи се откажаа од огнометите, но и од традиционалните јавни дочеци.

Пред само еден месец, изгледаше дека новата година ќе се пречека како што треба, но омикрон ги помати сметките. Строгите рестрикции се вратија во сила а прославите се откажаа. И СЗО препорача да се избегнува масовно славење поради новиот ковид сој.