Бугарски писател: Со Македонија се вртиме во круг од омраза и блокади

Во итервјуто за 24 часа бг, помеѓу прашањата за бугарскиот поет и драматург Стефан Цанев се најде и билатералниот спор со Македонија, како најголемо дипломатско прашање на Бугарија.



– Првата поголема пречка за новата Влада е спорот со Македонија и нејзниот пат кон ЕУ. Како човек кој работи во полето на литературата и културата, што би го советувале новиот премиер?

На што Цанев одговори: „Ситуацијата со Македонија е во ќорсокак. За да ја пуштиме Македонија во Европската Унија, ние бараме да престанат со говорот на омраза кон нас, а затоа што не ги пуштаме во ЕУ, нè мразат уште повеќе, што пак прави ние да не сакаме да ги пуштиме уште повеќе, што пак повторно прави тие да нè мразат уште повеќе … и така натаму и така натаму. Како драматург, јас гледам корисно излезно решение од овој ќорсокак. Ако премиерот ме праша за совет, ќе му кажам“.