„Албанската војска ја презеде командата на силите на НАТО на границата на Латвија со Русија. Веста е соопштена преку објава на официјалната фејсбук – страница за присуството на НАТО. Објавени се и фотографии од церемонијата на примопредавањето на командата.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
Журнал“ додава: „Албанскиот контингент во состав на ‘Борбената група’ – ‘eFP’ на Латвија неодамна ја одржа церемонијата на пренесувањето на командата во воениот камп Адази’ – се наведува под објавените фотографии.“
Инаку, на својата интернет – страница државното канадско радио Радио Канада Интернационал на 30 ноември 2021 година објави: „Кај градот Адази, на 20 километри од Рига, главниот град на Латвија, се наоѓа тренинг – камп и воена база на латвиската армија. Во базата Адази кон крајот на ноември 2021 година беше видена борбената група од 500 Канаѓани, што претставува најголемо канадско воено присуство во странство. Повеќето од канадските војници се членови на Кралскиот 22-ри полк.“
„Базата Адази, во која се сместени војници од 13 земји на НАТО, е оддалечена околу 300 километри од границата со Русија и се смета за клучен дел од одбраната на Алијансата во источна Европа. Канаѓаните, стационирани овде, го следат трупањето на дури 100.000 борбено подготвени руски војници на југ, на границата со Украина.“





