„Тетовци оценуваат дека 2021- ва не била добра за нив и не се задоволни од оваа година. Како причини за тоа ги споменуваат пандемијата, растот на цените, невработеноста, кризата, грижите и политичарите, кои според нив, не одработиле доволно за народот. Што се однесува до тоа што очекуваат од 2022 година и дали очекуваат таа да биде подобра, некои од нив се надеваат дека ќе биде подобра.“ – ги сумира информативниот портал на албански јазик „Порталб.мк“ искажувањата на граѓаните на Тетово од македонска, албанска и друга етничка припадност од предновогодишната анкета реализирана со нив.
„Порталб.мк“ дополнува: „Но, граѓаните на Тетово велат дека тешко ќе може да се постигне 2022-ра година да биде подобра. Меѓу причините зошто сметаат така тие повторно ги споменуваат политичарите, кои, според нив, не мислат на народот. Анкетираните граѓани велат дека пензиите не се зголемуваат, а цените растат. За некои од прашаните тетовчани надежта не умрела се уште, а други очекуваат пандемијата да заврши час поскоро и да биде подобро живеењето.“
Во видео – снимката од анкетата на „Порталб.мк“, објавена на „јутуб“ – каналот под наслов „Тетово: граѓаните незадоволни од 2021-ва, песимисти за 2022“, анкетираните велат:
– „Катастрофално е за граѓаните. Дојде Новата година, но нема пари да ги израдуваш децата. Сите тие се ајдуци.“
– „Живеењето ни е исполнето со многу грижи, не сме задоволни.“
– „Никако е, цените двојно зголемени, нема ништо, работа нема.“
– „Оваа 2021 беше тешка година. Кризата е голема. Под удар сме на пандемијата, болеста. Безработицата ги зафати младите.“
– „Очекувам дека 2022-ра година нема да биде подобра, туку и полоша. Се знае зошто: политичарите не мислат на народот, туку за самите себе. Ние не одлучуваме, туку политичарите, за себе одлучуваат.“
– „Не знам што ќе правиме во 2022-ра година. Не можам да речам дека ќе биде подобро.“
– „Владата си гледа само за нив, не и за народот. Овде не се живее, ова е катастрофа.“
– „Со оваа Влада нема да се може никогаш, овие се ајдуци.“
– „Мислам дека ќе биде подобро во следната 2022 година.“
Интернет – врска до анкетата на „Порталб.мк“, објавена на видео – каналот „Јутуб“:





