ДУИ победува со помош на бандите и сите го знаат тоа

Додека е ДУИ е на власт, Македонија нема да оди напред на ниту едно поле, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и генерален секретар на Алијанса за Албанците, кој гостуваше во утринската програма на Телма.



– ДУИ победува со помош на бандите. Тоа го знаат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и е на штета на цела држава – рече Таравари.

За новиот министер за здравство вели дека не е сигурен во неговите професионални квалитети.

– Тој е фантастичен како човек, но не знам како ќе се снајде како министер – рече Таравари.