Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.



И покрај тоа што од Регулаторната комисија односно од власта уверуваат дека нема да има „ценовен шок“ односно дека струјата ќе поскапи најмногу до десетина проценти, јавноста е вознемирена.

Особено што познавачите и енергетските експерти прогнозираат зголемување на цената дури и до 50 % , но не наеднаш туку етапно но во многу кус период.

Дополнително, граѓаните се вознемирени и од најавеното барање д БЕГ за поскапување на цената за парното греење за 300 отсто…