„Не бегам, зошто да бегам“ – Мијалков насмеан излезе од “Шутка“

„Не бегам, зошто да бегам“ – изјави пораншениот директор на УБК Сашо Мијалков кој насмеан излезе од „Шутка “ откако Апелација му ја прифати жалбата за 30 дневниот одреден притвор за „Плацеви на Водно“.



Мијалков претходно плати повеќе од 11 милиони евра како гаранција дека нема да бега од ржавата, по што му беше одреден 30 дена притвор за друг случај, односно за „Плацеви на Водно“. Потоа Апелација ја прифати неговата жалба па тој вечерва со засилено полициско обезбедување излезе од затворот „Шутка“.