Првиот човек на Алијанса на Албанците Зијадин Села смета дека новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковечевски, нема легитимитет да биде премиер.
„Тој што ги доби изборите беше Заев, а не Ковачевски за да биде мандатар. Зборот на Заев е зборот искажан пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај, ако може, или, да прогласи избори и да одиме на избори“ вели Села.
Тој смета дека и Али Ахмети и ДУИ истотака немаат легитимитет за да бидат дел од власта.
„Дојдоа со ветувањето дека ќе биде премиер Албанец, а сега по вторпат гласа премиер Македонец. Прво Заев, сега Ковачевски. Зошто не го гласа Насер Зибери? Ова е моментот.
За Африм Гаши и Алтернатива, Села исто така вели дека немаат легитимитет зошто добиле гласови, Заедно со Алијанса на Албанците, да донесат промена кај албанското општество и да го пратат ДУИ во опозиција, а не да го држат во власт“.
Затоа, вели Села, потребни се предвремени избори.







