Дел од операторите им ги раскинаа договорите за струја на општинските претпријатија

Бизнис секторот, но и локалните власти во земја се на колена, откако дел од операторите деновиве им ги раскинаа договорите за електрична енергија, поради високата цена на светските берзи – пренесе Телма.



Од први јануари голем дел општините, комуналните претпријатија, градинките и училиштата, кои се дел од локалната власт ќе плаќаат повисоки сметки за струја и тоа за три до четири пати. За проблемот веќе е разговарано е и на ниво на ЗЕЛС.

ЗЕЛС втората седница ќе ја има по Нова година, кога ќе се знае и колкав е бројот на општините на кои им се раскинати договорите за набавка на струја и каков став ќе заземат.

Општините кои веќе треперат од страв по раскинатите договори, алармираат дека на удар ќе бидат јавните претпријатија што користат струја во системите за водоснабдување.

Штипски „Исар“, досега плаќал пет милиони, но од наредната година месечната сметка се очекува да биде 20 милиони денари.

Ова може да повлече и зголемување на цената на комуналните услуги. Помалите општини, на кои комуналните претпријатија веќе им се дават во долгови се во страв од можни блокади.