Патувачката изложба посветена на легендарниот британски музичар Дејвид Боуви ќе биде претставена следната година во Музејот Бруклин во Њујорк, објави Њујорк тајмс.
Изложбата ќе се одржи од 2 март до15 јули, 2018 година. Музејот освен постојана изложба, на присутните ќе им прикаже и неколку музички партритуди и напишани белешки од познатиот музичар.
Патувачката изложба посветена на Боуви ја имаат посетено над еден милион луѓе од нејзинити основање во Лондон во 2013 година.
Ретроспективата „Дејвид Боуви“ содржи фотографии, видеа, текстови, костими и други предмети на музичката ѕвезда.

Изложбата во Лондон ја видоа 312,000 луѓе, 146.500 во Торонто, Сао Паоло 80000, Берлин 151.000 и во Чикаго 193.000 луѓе, изјави музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон, од каде што почна изложбата. Ова е прв пат овој музеј да посвети изложба на рок-ѕвезда. Еден од кураторите на музејот во Лондон изјави дека „Боуви не е обичена рок-ѕвезда, бидејќи тој беше навлезен во секоја област на културата“.
Боуви починал на 10. јануари 2016 година од рак на црниот дроб. Својот последен албум „Black Star“, беше објавен два дена пред неговата смрт на 8 јануари на неговиот 69-то роденден.




