„Еурактив“: Односите ЕУ-Швајцарија може да пропаднат – грижа дека и се отстапува премногу суверенитет на ЕУ

„Односот на Европската унија со Швајцарија може да се распадне, ако не успеат преговорите за местото на Швајцарија на внатрешниот пазар на ЕУ.’ – изјави заменик-претседателот на Европската комисија Марош Шефчович за списанието ‘Дер Шпигел“ – пренесе информативниот портал „Еурактив“ во својата статија објавена денес со наслов „Односот меѓу Швајцарија и ЕУ може да се распадне, ако преговорите не успеат’ – вели Шефчович од ЕУ“.

„Еурактив“ пишува: „ЕУ со години притискаше за договор за ограничување на низа билатерални договори и бара од Швајцарците рутински да усвојуваат промени во правилата на единствениот пазар. Разговорите меѓу Берн и нејзиниот најголем трговски партнер – Европската Унија прекинаа во мај, поради швајцарската загриженост дека му се отстапува премногу суверенитет на ЕУ – блокот“.

„Ако новите преговори не доведат до успех, билатералните договори, кои сè уште беа на сила, постепено ќе истечат и ќе ги застарат нашите односи во одреден момент.’ – рече Шефчович, кој ги надгледува работите меѓу ЕУ и Швајцарија, во споменатото интервју. ‘Швајцарија ќе мора да даде гаранции дека ќе ги почитува правилата на внатрешниот пазар на ЕУ, ако е посветена кон новите преговори.’ – кажа тој.“

„Европската унија сака Швајцарија да се согласи на динамично усогласување на нејзините закони со правото на ЕУ, за рамноправни услови за игра, механизам за решавање спорови и за редовни придонеси во фондовите на ЕУ за посиромашните членки на ЕУ.“

„Шефчович во интервјуто за ‘Шпигел’ ги повтори барањата на ЕУ. ‘Итно треба да знаеме од Швајцарија дали сериозно сака да преговара со нас.’ – истакна тој. Во ноември Европската унија ја повика Швајцарија да утврди јасен распоред за решавање на прашањата за внатрешниот пазар на ЕУ до јануари. ‘Мораме да знаеме за што сакаме да разговараме и кога – за да биде јасно дека дискусијата нема да трае 20, или 30 години.’ – изјави Шефчович за ‘Шпигел“.

„Економските врски меѓу ЕУ и Швајцарија се регулирани со повеќе од 100 билатерални договори, кои се протегаат од 1972 година. Колапсот на односите со текот на времето може да го загрози де факто членството на Швајцарија на заедничкиот пазар на ЕУ, кое што Берн сака да го задржи. Шефчович ги спомена како пример медицинските помагала, кои во ЕУ можат да се продаваат само со соодветна сертификација, а тоа би било неможно без соодветните договори.“ – објави „Еурактив“.