Џаред Лето ќе го глуми Хју Хефнер во филмот кој ќе се снима за неговиот животот како основачот на Плејбој, пишува „Холивуд репортер“, објави BBС.
Оваа новина пристигнува само неколку дена по смртта на Хефнер.
Актерот Џаред Лето е добитник на Оскар за филмот„ Dallas Buyers Club“ во 2013 година.
Филмот ќе биде во режија од Брет Ратнер, а според извештаите на медиумите, улогата првично требаше да му припадне на Роберт Дауни Џуниор.




