Вашингтон е подготвен да ги поддржи своите сојузници во НАТО на источното крило соочени со концентрацијата на руски војници на границата со Украина, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател.
„Саливан потврди дека САД го поддржуваат спроведувањето на членот 5 од Северноатлантскиот договор и ја истакна подготвеноста на Соединетите држави да им помогнат на сојузниците од источното крило во одбраната на своите земји“, соопшти Белата куќа.
„Полска и Соединетите Американски Држави разменија мислења за зајакнувањето на руската воена моќ во близина на границата со Украина и ја потврдија важноста на сојузничкото единство во дипломатските напори и мерките за ублажување“, соопшти Белата куќа.
Членот 5 од Повелбата на НАТО предвидува дека вооружениот напад врз еден или повеќе сојузници ќе се смета за напад врз сите членки на Северноатлантскиот договор.







