Поранешниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески ќе биде дел од тимот што ќе се формира како експертско тело кое ќе го советува министерот за финасии Фатмир Бесими, дознава Фактор.
Во Советот ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за коиски е потребен консензус во општеството.
Иницијатори покрај Бесими и Ставрески за вакво советодавно тело се поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Трајко Славески и Кирил Миноски.
Советот на поранешни министри за финансии ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на Скопје економски и финансиски форум – СЕФФ.







