Перо Костадинов, Стефан Богоев, Фатмир Битиќи и Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе бидат новите четири потпретседатели на СДСМ која ќе биде ориентирана кон економијата, заштитата на здравјето и финансиската поддршка, изјави синоќа на прес-конференција новиот претседател Димитар Ковачевски по долгото заседавање на Централниот Одбор на партијата.
Сања Лукаревска останува заменик-претседател на партијата.
Идниот мандатар на новата влада, Ковачевски, вели дека СДСМ испишува ново поглавје во својата историја, а оптимист е и за формирање на новата влада, која според него ќе се формира најдоцна до 18 јануари.
„ Ќе ја реформираме и реорганизираме партијата – најави Ковачевски и рече дека ќе се формира совет како советодавно тело да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи Игор Ивановски.
За нов генерален секретар на партијата беше избран Миле Зечевиќ. Нов организациски секретар на СДСМ ќе биде Вангел Андрески, а секретар за меѓународна политика, Бојан Маричиќ.
Пратеничката Даниела Колева, шефот на кабинетот на Венко Филипче во здравство Дритон Исмаили, поранешниот генерален секретар на партијата Андреј Петров, Мишко Ралев, Никола Рилак се дел од новите имиња на Извршниот одбор на СДСМ.
17-те члена на Извршниот Одбор се:
Ана Данева Марковска
Нина Фити
Милена Стевановиќ, директор на Инфективна клиника
Ивона Кузмановиќ,
Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
Рената Јајоска
Мишко Ралев, декан и архитект
Снежана Захариева, директор на кумановска болница
Мелиса Цановска
Петре Шилегов
Тања Томиќ
Дарко Каевски
Костадин Ацевски
Даниела Колева
Андреј Петров
Никола Ралиќ
Дритан Исмаили






