И ген-секот на СДСМ, Љупчо Николовски поднесе оставка

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денека поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата.



Николовски во писмената оставка изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.

„..Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски“, објави Николовски.