Адвокати: Мијалков нема намера да бега

„Ја уверуваме јавноста дека Мијалков нема намера да се даде во бегство. Тој досега се појавил на повеќе од 200 главни расправи во Судот и со ни еден гест и однесување не покажал дека може во иднина да стане недостапен на органите на прогонот“, изјави Петар Василев, адвокат на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.



„Ленче Ристовска ја спроведе истрагата во врска со бегството и донесе обвинителска резолуција каде што утврди дека бегство немало и помагачи нема, нема предмет. Така што шпекулациите за бегство се тотално апсурдни и неиздржани“, рече Звонко Давидовиќ, адвокат на Мијалков.

Одбраната на Мијалков бара Јавното обвинителство по допрен глас да го гони министерот за правда Бојан Маричиќ бидејќи тој јавно ги објави апелационите судии кои одлучија да го укининат притворот на Мијалков. Ова го побара пораншениот републички обвините, Љупчо Шврговски кој сега го брани Мијлаков, бидејќи миниистер не треба да знае кој судија како гласал.

„Одбраната доаѓа до заклучок дека министерот имал линк со некој од судиите коишто го информирале, кршејќи ги одредбите од законот за кривична постапка“, рече Љупчо Шврговски, адвокат на Мијалков.

Во средата, скопска Апеалција ја прифати гаранцијата на Мијалков од 11 милиони евра за тој да излезе од затворски притвор за предметот „Трезор“. Потоа, Обвинителството побара притвор за Мијалков во предметот „Плацови на Водоно“, а кривичниот суд експресно му определи нов.

Жалбата на адвокатите на Сашо Мијалков со која бараат екс – директорот на УБК да излезе од притвор, уште патува до Апелациониот суд.