Над 78 % од возрасните во ЕУ вакцинирани против коронавирус

Ова го соопшти шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во видео обраќање по повод точно една година од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа. „Изминавме долг пат“, заклучува таа.



Фон дер Лејен нагласува дека вакцинацијата, вклучително и дополнителните дози, останува најдобриот начин за справување со пандемијата.

Таа посочува дека побрзото ширење на коронавирусот, а особено варијантата Омикрон, ја прави вакцинацијата уште поважна.