Синдикатот на полицијата во Македонија со отворено писмо до новиот претседател на СДСМ и иден мандатар, Димитар Ковачевски, пренесе Република.
„Ви праќаме отворено писмо до Вас се со цел поблиску да се запознаете со приликите (дел) внатре во Министерството за внатрешни работи предводено од актуелниот Министер Оливер Спасовски. Исто така тука ќе најдете работи кои единствено Ние како Синдикат ќе Ви ги презентираме и никој друг, причини однапред познати за нас.
Следуваат вистинити тврдења и ставови зошто и од кои причини Спасовски НЕ ТРЕБА да биде дел од Владата која најверојатно Вие ќе ја предводите. Овие се вистински тврдења а не паушални онака како што некој во овој период додека ќе преземете наредни чекори сака да Ви наметнува. Не бараме ништо Бараме само од Вашите редови да ги проверите подоленаведените наши тврдења. Писмото го поделивме во два дела првиот дел малку „ироничен“ за да ја потикнеме Вашата заинтересираност а вториот е делот на жалната вистина во Министерстово за внатрешни работи….
Причини ЗОШТО Оливер Спасовски треба „да остане“ на чело во МВР…..
1. Да остане зошто не охрабри да се спротивставиме на неправдите.
2. Да остане затоа што ,да не беше тој немаше да ја откриеме нашата издржливост,способност и истрајност како вработени.
3. Да остане за да може СПМ секојдневно да воочува и критикува на неговите грешки.
4. Да остане,затоа што ни овозможи да откриеме на кој колега во лоши денови можеш да се потпреш а на кој и во добри воопшто не можеш да му веруваш.
5. Нека остане се додека не ги оспособи сите простории за пристојна работа, подеднакво за сите а СПМ секојдневно ќе му ги посочува. Најверојатно уште 30 и повеќе години.
6. Да остане зошто не научи како не треба да се постапува ,од хигиеничар до началник.
7. Да остане за да соодветно ги облече сите полициски службеници, не може во сред зима да ги остави на пола пат, со летна маици и пролетни чевли.
8. Да остане, за да биде слика и пример како не треба еден Министер да меша политика со професионализмот.
9. Да остане во име на љубовта, за да не се прекине врската помеѓу него и неговиот еден и единствен, самонаречен репрезентативен партнер, за која ваква љубовна врска сите од Министерството ќе жалиме.
10. Да остане и нека не се откажува, за да научи од СПМ што е тоа пркос, пожртвуваност, неуморност и сплотеност. Што е тоа што ги држи и обединува сите во Министерството.
11. Да остане затоа што овозможи да ги спознаеме своите вредности и повеќе да се цениме.
12. Спасовски треба да остане затоа што, да не беше тој, СПМ можеби никогаш немаше да се формира!
Целото соопштение на следниот ЛИНК







