Азири: Владата потфрли во сите димензии, затоа предвремени избори – се замолчува критичкиот глас

Потпретседателот на Алијансата за Албанците Елми Азири во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ 21 за повтори определеноста на неговата партија за одржување предвремени парламентарни избори.



На својот интернет – портал ТВ 21 ги цитира зборовите на Азири: „Алијансата за Албанците поддржува предвремени парламентарни избори, но тоа не може самата да го постигне. Таа ќе продолжи да бара тие избори да се одржат, бидејќи оваа Влада потфрли во сите димензии. Можеби имаме најлошо владеење во изминатите 30 години на Македонија.“

„Поканата до претседателот на Младинскиот форум на Алијансата на Албанците Омер Ајдини за информативен разговор во полицијата е обид да се замолчи критичкиот глас.’ – рече во оваа емисија потпретседателот на Алијансата на Албанците Елми Азири.“ – објави ТВ 21.