Доколку САД и НАТО одбијат да дадат безбедносни гаранции за Русија, одговорот на Москва може да биде многу поинаков, а изборот на опции ќе зависи од препораките на воените експерти, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин
„Може да биде многу различен. Зависи од предлозите што ќе ми ги дадат нашите воени експерти“, вели Путин.
Според него, понатамошните дејствија на Москва нема да зависат од текот на преговорите за безбедносните гаранции со САД, туку од безусловното обезбедување на безбедноста на Русија „денес и во историска перспектива“.
Путин вели дека, во тој поглед, руската страна многу јасно ставила до знаење дека „натамошното движење на НАТО кон исток е неприфатливо“.
Рускиот претседател вели дека Русија не поставува ракети во близина на границите на САД,
„САД дојдоа во нашиот дом со своите проектили, тие се на нашиот праг…како Американците би реагирале доколку Русија ги распореди своите ракети на границата на Мексико или Канада со САД“ се прашува рускиот претседател.







