Како можел и дали смеел министерот за правда Бојан Маричиќ да знае кој судија од Апелацискиот суд како гласал при одлучувањето за притворот на Сашо Мијалков кога гласањето е тајно, е прашање кое се уште е актуелно.
Адвокатот Јанаки Митрески со свое мислење за „случајот“:
„Дали смее министер за правда да прозива судии со име и презиме за одлука донесена по слободно судиско убедување?
Секако дека не, тоа е директен упад во работењето на судот“, вели авдокатот Јанаки Митрески во својата колумна во „Фокус“.
„Најскандалозниот момент е тоа што министерот ги знае резултатите од гласањето и кој како гласал, иако е тоа тајно. Нека дојде некој пак да ме убедува дека не им се на линија судовите и дека власта не се мешала. Смешки!
И на крај ќе се состанел Судскиот совет да дискутира како тоа некој судија смеел да одлучува како што тој смета, а не власта како што смета.
Судскиот совет, патем, воден од човек на СДСМ што во животот не видел решение за притвор.
Ако ова не е влевање страв кај судската фела, не знам што е.
Или ќе судите ние како што сакаме, или ќе бидете разрешени, пораката е повеќе од јасна!… Радоста на Сашо не траеше долго. На веста за притворот реагираа ресорниот министер Маричиќ и вицепремиерот Николовски.
На крајно недозволен начин, се прозиваа судии, иако се нормативно заштитени од одговорност за носење одлука, па дури се знаеше и точниот резултат на гласањето 2-1…
Експресно организиран криминал при ЈО побара притвор за Плацеви на Водно, а советот при единица го усвои предлогот за мерка притвор и со тоа на бате Саше му пропадна обидот да излезе од притвор, и тоа бидете убедени дека е поради притисокот на јавноста.
Да се прашуваше оваа власт, ќе гледавме филмско сценарио, во еден ден, Заев излегува од Владата, а Мијалков од притвор.
И така пријателски прегрнати ќе чекореа кон средно богати бизнисмени. Холивуд“, напиша Митровски.







