Гаши: Многу сме блиску до ЕУ- преговорите – не сакаме да биде прокоцкана ова можност голема за државата, Албанците и регионот

„Во интервју за Косова Прес Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, која со своите четворица пратеници го оформува парламентарното владејачко мнозинство со вкупно 64 пратеници пратеници, вели дека неговата партија е видена како клуч за решавањето на политичката криза, што би довело и до други последици во поглед на надминување на ќорсокакот со Бугарија, која стави вето врз интегрирањето во ЕУ.“ – пренесува весникот „Лајм“.



Лајм ги пренесува ставовите на Гаши во ова интервју.

„Имаме ново мнозинство со 64 пратеници. Многу сме блиску до отворање на преговорите со ЕУ: јануари, февруари или почетокот на март се месеците кои се навистина клучни за нас. Отворањето на преговорите за нас би била сјајна вест. Алтернатива не сакаше да биде прокоцкана оваа можност голема за државата, за Албанците и за целиот регион.“

„Лидерот на Алтернатива, која беше против ДУИ во власта, вели дека вклучувањето на Алтернатива нема да претставува внатрешна битка меѓу Албанците, туку оти тие ќе работат за интересите на Албанците.“ ‘Алтернатива и ДУИ се две партии во спротивставеност една кон друга, но има многу работа за Албанците и тоа значи заеднички интереси за двете партии. Мојата стремеж е да немаме внатрешна битка и двете партии да не се блокираат една со друга, бидејќи најнакрај ќе си го оневозможиме функционирањето едната на другата и тоа ќе оди на сметка на граѓанинот. Ние сакаме да му служиме на граѓанинот, на Албанците. Сакаме да имаме коректни односи со сите субјекти не само со оние во позицијата, туку и со албанските партии во опозицијата. Настојуваме да одржиме коректни односи, бидејќи ние сме во мултиетничка држава и етничкото реализирање на Албанците од уставно – правен аспект не е завршено целосно’ – истакнува Африм Гаши.“

„Тој вели дека ја условиле извршната власт во 2022 година да не ја зголемува цената на струјата за повеќе од 20 отсто.“ – пренесува „Лајм“.