ВМРО-ДПМНЕ: Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија обидот за вој криминал,



Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го спречија овој криминал за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони.. Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра. Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра.

Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.

Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда“ соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.